Претседателот на шпанската фудбласка Ла Лига Хавијер Тебас изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА) би требало да си поднесе оставка поради уништување на фудбалот.
Тебас остро го нападна Инфантино поради пренатрупаниот распоред на натпревари и поради разгледување на предлогот Светското првенство во 203 да се прошири од 48 на 64 репрезентации.
„Зголемувањето на бројот на национални тимови нема никаква смисла. Фудбалската индустрија не е само Светското првенство, кое навистина е најважниот настан. Но, не може се да се врти околу Светското првенство“, изјави Тебас.
Слични новости
Морган Роџерс потпиша за Челси за 117 милиони фунти
Како што пренесуа Би Би Си, трансферот изнесува 117 милиони фунти, со што Роџерс стана најскапиот англиски фудбалер и најголемата инвестиција во историјата на Челси.
