Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, кој престојува во официјална посета на земјава.
Посетата е придружена со највисоки државни и воени почести на свечена церемонија во Кабинетот на претседателот. По официјалниот пречек, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на двете делегации.
По разговорите, Сиљановска-Давкова и Пармелан ќе одржат заедничка прес-конференција за медиумите. Во рамки на посетата, швајцарскиот претседател ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, како дел од протоколарната програма.
Слични новости
Мицкоски -Руте: Потврдена македонската определба за јакнење на соработката со НАТО
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте порача дека НАТО ќе ја брани секоја педа од својата територија и нема да дозволи појавување на безбедносен вакуум во регионот.
МНР разгледува опции за извлекување на македонските државјани од Дубаи по копнен пат
Над 400 македонски граѓани изразиле желба да бидат евакуирани. МНР соопшти дека е во постојан контакт со „пријателски земји и партнери“ за координирано извлекување.
Обвинителството нареди обдукција на телата по несреќата во Карпош
Основното јавно обвинителство Скопје нареди обдукција на телата на мајката и малолетната ќерка кои починаа по пад од висококатница во скопската населба Карпош.


