Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, кој престојува во официјална посета на земјава.
Посетата е придружена со највисоки државни и воени почести на свечена церемонија во Кабинетот на претседателот. По официјалниот пречек, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на двете делегации.
По разговорите, Сиљановска-Давкова и Пармелан ќе одржат заедничка прес-конференција за медиумите. Во рамки на посетата, швајцарскиот претседател ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, како дел од протоколарната програма.
Слични новости
Цените на горивата во Македонија меѓу најевтините во регионот
Според последните споредбени податоци, просечната цена на горивата во Македонија се движи околу 1,35 долари за литар, што е пониско во однос на повеќето соседни земји како Грција, Бугарија, Косово и Србија.
Со владиниот авион ќе се враќаат македонските државјани од Израел
Лицата кои изразија подготвеност за евакуација од Израел се очекува во попладневните часови со владиниот авион да полетаат кон Скопје. Со тоа целосно ќе се заокружи процесот на враќање на сите граѓани кои побараа извлекување од Израел, соопшти МНР.
Продолжи судењето за трагедијата во Кочани
Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки, во присуство на обвинетите, роднини на жртвите и многубројни сведоци.


