Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, кој престојува во официјална посета на земјава.
Посетата е придружена со највисоки државни и воени почести на свечена церемонија во Кабинетот на претседателот. По официјалниот пречек, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на двете делегации.
По разговорите, Сиљановска-Давкова и Пармелан ќе одржат заедничка прес-конференција за медиумите. Во рамки на посетата, швајцарскиот претседател ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, како дел од протоколарната програма.
Слични новости
Измени во законот за трансплантација, граѓаните можат да се согласат да донираат органи со потпис кај матичен лекар
На Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување.
Мемов: Во Македонија на 1,64 вработен има еден пензионер
Државата треба да го стимулира плаќањето придонеси за да имаме стабилен пензиски систем, изјави директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов за ТВ Телма.
Следува период на променливо и постудено време
Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени.


