Претседателот на српското Собрание Аександар Чупиќ, денеска ги распиша изборите за претседател на Србија во согласност со српскиот Устав и рече дека тие ќе бидат одржани на 27 декември.

Чупиќ ја презеде должноста привремен претседател на републиката, откако поранешниот претседател Александар Вучиќ поднесе оставка на претседателската функција на 27-ми септември.

Претседателските избори во Србија ќе се одржат многу бргу по победата на „студентската листа“ на парламентарните избори и соборувањето на власт на СНС која 14 години неприкосновено владееше со Србија.

Лидерот на СНС Александар Вучиќ најави дека неговата партија нема да истакне кандидат на претседателските избори.  

 

 

Слични новости