Претседателот на иранскиот парламент Калибаф негираше дека Иран преговара со САД за прекин на војната и ја отфрли реториката на Трамп како прикриен обид за манипулирање со немирните глобални пазари.

Претходно американскиот претседател Трамп изјави дека во наредните пет дена нема да има напади врз иранската енергетска инфратсруктура, бидејќи има напредок во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран, како и дека Иран бил наводно подготвен за договор.

Но, претседателот на иранскиот парламент изјави дека тврдењето на Трамп е лажно и дека не се водени никакви разговори на релација Вашингтон-Техеран.

„ Нашиот народ бара целосно и понижувачко казнување на агресорите. Сите функционери цврсто стојат зад својот лидер  и народ, сè додека не се постигне оваа цел“.

Иранската телевизија објави дека Калибаф во неговата порака нагласи дека се шират лажни вести со цел да се манипулираат финансиските и нафтените пазари,што е обид да се избега од мочуриштето во кое се заробени САД и Израел“.

Слични новости

Пакистан го бомбардираше Аввганистан и соопшти дека двете земји се во отворена војна

Пакистан го бомбардираше Аввганистан и соопшти дека двете земји се во отворена војна

Пакистан бомбардираше талибански владини цели во големите градови во Авганистан, потврдија официјални лица од двете земји, при што пакистанскиот министер за одбрана Хаваја Мухамад Асиф го опиша конфликтот како отворена војна.