Оваа година домаќин на церемонијата за доделување на почесните награди во Кенеди центарот ќе биде американскиот претседател Доналд Трамп. Никогаш досега во историјата американски претседател не бил во улога на шоумен и домаќин на церемонијата.

Трамп рече дека е свесен оти неговиот потег е крајно необичен и дека медиумите ќе му дадат лоши критики како водител со оценка дека „бил ужасен“. „Шоуто ќе биде одлично. Сум ги гледал досегашните водители. Ако не можам да го надминам Џими Кимел во талентот, тогаш и не заслужувам да бидам претседател“ изјави Трамп.

Церемонијата ќе се одржи на 23 декември и ќе биде директно пренесувана на стримерот „Парамаунт плус“, а Доналд Трамп предвидува дека шоуто со него како водител ќе ги надмине сите рекорди во гледаност.

Слични новости

Почина модната дизајнерка Пам Хог

Почина модната дизајнерка Пам Хог

Почина Шкотската модна дизајнерка и музичарка Пам Хог, позната по својот панк-рок стил и екстравагантните облеки што ги обожаваат познатите личности, објави нејзиното семејство на социјалните мрежи