На локации во Скопје и низ државата во тек е акција на Одделот за субивање на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Акцијата е во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати.

„Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при БЈБ, МВР во координација со ОЈО за ГОКК по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, штета од големи размери за буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето“, нформираа од Министерството за внатрешни работи.

Дел од медиумите објавија дека е приведен сопственикот на РКМ и поранешен директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски.
globe

Слични новости

Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста

Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста

Се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието, а една амбасадорка се отповикува во редовна постапка поради завршување на мандатот.