Истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи вчера и денеска координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани.

Како што информира државното Јавно обвинителство, извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење.

Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица“, соопшти ЈОРСМ.
globe

Слични новости

Првиот од 115. пациенти на лекување во странство се врати во земјава

Првиот од 115. пациенти на лекување во странство се врати во земјава

Првиот од 115-те пациенти настрадани по трагедијата во дискотеката во Кочани кои се лекуваат во странство попладнево се врати во земјава. Се работи за пациент кои се лекувал во болница во Белград, Србија и ќе биде на опсервација во ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје. Пациентот беше пречекан од министрите за здравство Арбен Таравари и за надворешна политика и наворешна трговија Тимчо Муцунски.

Црвениот крст почна со исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица во несреќата во Кочани

Црвениот крст почна со исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица во несреќата во Кочани

Црвениот крст почна со исплатата на средства во висина од 150 илјади денари на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани.