Од утрово полициски службеници спровеле неколку рации во Куманово во кои уапсени се поранешни високи функционери поради сомнение за злоупотреба на службена должност.

 

Медиумите, повикувајќи се на полициски извори велат дека се уапсени поранешниот министер за земјоделство Трајан Димковски и поранешниот директор на НП Агро-берза Ниметула Рамадани, како и уште еден функционер од ова министерство, кои се приведуваат под полициска придружба во полициската станица Гази Баба во Скопјe.

Од Министерството за внатрешни работи јапотврдија акцијата, но повеќе детали најавија по нејзиното завршување.

-Во тек е полициска акција на подрачје на Куманово поради сомнение за злоупотреба на службена должност. Се вршат претреси на неколку локации. Повеќе информации по завршување на акцијата, информираат од МВР.

globe

Слични новости

Филипче најави онлајн-петиција „Не за мигранти“

Филипче најави онлајн-петиција „Не за мигранти“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ја најави првата граѓанска иницијатива против, како што наведе претседателот Венко Филипче, опасните и штетни политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со можен прием на мигранти во земјата

Стартува расправата за буџетот

Стартува расправата за буџетот

Пратениците ќе дебатираат за најголемиот досега буџета тежок 6, 7 милијарди евра. Со планиран раст на економијата од 3,8 проценти и дефицит од 3,5 проценти од БДП.