Претреси се вршат денеска на неколку локации поврзани со истрагата за петте тони марихуана запленета минатата недела во Србија, за која српските власти тврдат дека влегла од Македонија, дознава Телма. Се постапува по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое ја води истагата.

Претреси имало и вчера, а се проверуваат објекти на фирми кои одгледувале марихуана за медицински цели.

Станува збор за поголеми количества на дрога од запленетата во нашиот северен сосед. Според досегашните информации од српските власти, марихуаната во Србија влегла од Македонија, а во јавноста беше објавено дека еден од приведените е косопственик во скопската компанија „Алфафарм“, регистрирана за одгледување канабис за медицински цели.

Пред два дена, од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираа дека е оформен предмет и дека веќе се разменуваат информации со српските обвинителски органи. Министерството за здравство, во координација со Министерството за внатрешни работи, извршило вонредна контрола во компанијата.

 

Слични новости

Од полноќ нови цени на горивата по одлуката на владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 насто

Од полноќ нови цени на горивата по одлуката на владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 насто

Владата на вонредна седница донесе одлука да се намали данокот на додадена вредност (ДДВ) на бензините и дизел горивото од 18 отсто на 10 отсто.
Со тоа владата очекува цената на бензините да остане иста односно непроменета, а цената на дизелот да се зголеми околу 3,5 денари по литар