Претреси се вршат денеска на неколку локации поврзани со истрагата за петте тони марихуана запленета минатата недела во Србија, за која српските власти тврдат дека влегла од Македонија, дознава Телма. Се постапува по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое ја води истагата.

Претреси имало и вчера, а се проверуваат објекти на фирми кои одгледувале марихуана за медицински цели.

Станува збор за поголеми количества на дрога од запленетата во нашиот северен сосед. Според досегашните информации од српските власти, марихуаната во Србија влегла од Македонија, а во јавноста беше објавено дека еден од приведените е косопственик во скопската компанија „Алфафарм“, регистрирана за одгледување канабис за медицински цели.

Пред два дена, од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираа дека е оформен предмет и дека веќе се разменуваат информации со српските обвинителски органи. Министерството за здравство, во координација со Министерството за внатрешни работи, извршило вонредна контрола во компанијата.

 

Слични новости

Третина од населението во Македонија страда од обезност

Третина од населението во Македонија страда од обезност

Станува збор за сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети, вклучително кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други состојби и затоа е значајно подигнување на јавната свест за овој глобален предизвик