Минатата седмица на светските берзи се тргуваше неизвесно, па така на Волстрит индексот S&P 500 кон средината на седмицата достигна ново рекордно ниво, а потоа ги загуби тие добивки и трговската седмица ја заврши со загуби.

Индексот Dow Jones изгуби 1,8 отсто минатата седмица, на 43.828 поени, а S&P 500 загуби 0,6 отсто, на 6.051 поен. Индексот Nasdaq зајакна, од друга страна, за 0,3 отсто, на 19.926 поени.

Тргувањето беше нестабилно на најголемата светска берза. На половина од седмицата, индексите S&P 500 и Nasdaq достигнаа нови рекордни височини, при што вториот го надмина нивото од 20.000 поени.

Причина за тоа беше силниот раст на цените на акциите на технолошките гиганти, како „Alphabet“, „Tesla“, „Amazon“, „Meta Platforms“…

Но, подоцна дојде до корекција на цената на тие акции, па Nasdaq се врати под нивото од 20.000 поени, а S&P 500 забележа седмична загуба.

Во фокусот на инвеститорите беа податоците за инфлацијата во САД. Извештајот за потрошувачките цени покажа дека инфлацијата се зголемила на 2,7 отсто на годишно ниво во ноември, што е повеќе од 2,6 отсто еден месец порано.

Податоците за цените на производителите, исто така, потврдија дека инфлацијата сѐ уште е значително над целните нивоа на американската централна банка. Во ноември овие цени се зголемија за 0,4 отсто на месечно ниво, а за 3 отсто на годишно ниво, повеќе од очекувањата на аналитичарите.

А зголемената инфлација може да го поттикне Fed да го забави или дури и да го прекине циклусот на намалување на стапката. Иако челниците на Fed со седмици повторуваат дека темпото на зголемување на каматните стапки може да се забави, пазарот очекува дека на дводневниот состанок од 17. до 18. декември Fed ќе ги намали каматните стапки по третпат оваа година, за дополнителни 0,25 процентни поени.

Минатата седмица претпазливо се тргуваше и на европските берзи. Европската централна банка (ECB) ги намали клучните каматни стапки за дополнителни 0,25 процентни поени, но тоа беше очекувано и не ги поттикна значително пазарите.

Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,1 отсто, на 8.300 поени, а парискиот индекс CAC се намали за 0,2 отсто, на 7.409 поени. Франкфуртски DAX зајакна, пак, за 0,2 отсто, на 20.405 поени.

На другите светски берзи, исто така, се тргуваше внимателно, и покрај тоа што централните банки ги намалија каматните стапки за да го стимулираат економскиот раст. Тоа го направија минатата седмица, меѓу другото, и швајцарската и канадската монетарна власт, додека Кина тоа го најави за следната година.

globe

Слични новости

BioNTech и Pfizer при развојот на вакцината против ковид-19 посегнале до сопственост на Moderna

BioNTech и Pfizer при развојот на вакцината против ковид-19 посегнале до сопственост на Moderna

Германската биотехнолошка компанија „BioNTech“ и нејзиниот американски партнер „Pfizer“ незаконски ја користеле заштитената интелектуална сопственост на „Moderna“ во развојот на вакцината против коронавирусната болест ковид-19 и мора да ѝ платат компензација, одлучи германскиот суд

Германската пошта отпушта 8.000 работници

Германската пошта отпушта 8.000 работници

„Deutsche Post“ во четвртокот објави дека ќе отпушти 8.000 работници до крајот на годината за да ги намали трошоците, по скромниот раст на приходите на матичната групација DHL во 2024 година

Раст на европските берзи пред одлуките на ЕСВ

Раст на европските берзи пред одлуките на ЕСВ

На европските берзи индексите пораснаа во четвртокот претпладнето, втор ден по ред, бидејќи инвеститорите очекуваат дополнително намалување на каматите од страна на Европската централна банка