Индексите на њујоршката берза останаа речиси непроменети во понеделникот, бидејќи инвеститорите и натаму се претпазливи додека чекаат вести за тоа како напредуваат трговските преговори меѓу САД и Кина.
Индексот Dow Jones остана речиси непроменет, на 42.761 поен, додека S&P 500 доби 0,09 отсто, на 6.005 поени, а индексот Nasdaq доби 0,31 отсто, на 19.591 поен.

Инвеститорите се фокусираа на вчерашната средба меѓу водечките трговски претставници на САД и Кина во Лондон, која следеше по минатонеделниот телефонски разговор меѓу американскиот и кинескиот претседател Доналд Трамп и Си Џинпинг.
Откако тензиите ескалираа кога Трамп воведе високи царини за кинескиот увоз во април, трговските претставници се согласија да одржат разговори во Швајцарија минатиот месец. Тоа ги намали тензиите меѓу двете најголеми економии во светот, но нема вести за напредок во разговорите.
„Пазарот го смета секој дијалог со Пекинг за напредок, без оглед на тоа дали тој води до опипливи резултати. Пазарот едноставно ќе ѝ верува на американската влада сè додека не се докаже спротивното“, рече Џејк Долархајд, управен директор во „Longbow Asset Management“.
Вчерашниот мал пораст на индексите S&P 500 и Nasdaq во голема мера се должеше на растот на цените на акциите на неколку технолошки гиганти. „Amazon“ и „Alphabet“, меѓу другите, пораснаа за повеќе од 1 отсто.
Европските берзи, исто така, вчера малку паднаа. Лондонскиот индекс FTSE ослабе за 0,06 отсто, на 8.832 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,54 проценти, на 24.174 поени, а парискиот CAC за 0,17 отсто, на 7.791 поен.
Слични новости
Нафтата и златото поскапеа на берзите, како резултат на војната на Блискиот исток
Нафтата Брент скокна дури за 7 проценти и достигна цена од 75 долари по барел, што е највисоко ниво на цената на нафтата од април.
Италијанскиот извоз падна за 2,8 насто во април
Агенцијата АНСА наведува дека падот на извозот пред се се должи на намалување на продажбата во земјите надвор од ЕУ, кој опадна за 7 насто.
Германската економија би можела да има раст од 1,5 насто во 2026
Германската економија би можела да ја надмине својата тригодишна криза во 2026, кога германскиот БДП би требало да порасне за 1,5 насто, проценува германскиот институт ИФО.