Индексите на њујоршката берза останаа речиси непроменети во понеделникот, бидејќи инвеститорите и натаму се претпазливи додека чекаат вести за тоа како напредуваат трговските преговори меѓу САД и Кина.
Индексот Dow Jones остана речиси непроменет, на 42.761 поен, додека S&P 500 доби 0,09 отсто, на 6.005 поени, а индексот Nasdaq доби 0,31 отсто, на 19.591 поен.

Инвеститорите се фокусираа на вчерашната средба меѓу водечките трговски претставници на САД и Кина во Лондон, која следеше по минатонеделниот телефонски разговор меѓу американскиот и кинескиот претседател Доналд Трамп и Си Џинпинг.
Откако тензиите ескалираа кога Трамп воведе високи царини за кинескиот увоз во април, трговските претставници се согласија да одржат разговори во Швајцарија минатиот месец. Тоа ги намали тензиите меѓу двете најголеми економии во светот, но нема вести за напредок во разговорите.
„Пазарот го смета секој дијалог со Пекинг за напредок, без оглед на тоа дали тој води до опипливи резултати. Пазарот едноставно ќе ѝ верува на американската влада сè додека не се докаже спротивното“, рече Џејк Долархајд, управен директор во „Longbow Asset Management“.
Вчерашниот мал пораст на индексите S&P 500 и Nasdaq во голема мера се должеше на растот на цените на акциите на неколку технолошки гиганти. „Amazon“ и „Alphabet“, меѓу другите, пораснаа за повеќе од 1 отсто.
Европските берзи, исто така, вчера малку паднаа. Лондонскиот индекс FTSE ослабе за 0,06 отсто, на 8.832 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,54 проценти, на 24.174 поени, а парискиот CAC за 0,17 отсто, на 7.791 поен.
Слични новости
Трамп ја дозволи продажбата на Ју Ес стил за 14,9 милијарди долари на јапонскиот Нипон стил
Нипон стил потврди дека презема 100 роценти од сопствеништвото врз американската компанија, а оваа спогодба вклучува и 11 милијарди долари нови вложувања до 2028, како и обврски во поглед на управувањето, производството и трговијата.
Расте јазот меѓу богатите и сиромашните во Европа
Според податоците од Европската централна банка (ЕЦБ), најбогатите 10% од населението во Еврозоната поседувале 57,3% од вкупното нето богатство на домаќинствата во последниот квартал од 2024 година
Американските берзански индекси дополнително паднаа откако Иран возврати на нападот на Израел
Во Соединетите Американски Држави, берзанскиот индекс Dow Jones падна за повеќе од 800 поени, или за околу 2 насто, додека S&P 500 и Nasdaq, паднаа за околу 1 насто.