Тргувањето на Волстрит беше многу претпазливо во средата, а берзанските индекси забележаа само мали добивки бидејќи инвеститорите не сакаа да ризикуваат пред објавувањето на деловните резултати на „Nvidia“.
Индексот Dow Jones падна за 0,43 отсто, на 43.433 поени, додека S&P 500 порасна за 0,01 отсто, на 5.956 поени, а индексот Nasdaq за 0,26 отсто, на 19.075 поени.
По неколкудневен раст, Dow Jones вчера благо ослабна, додека индексите S&P 500 и Nasdaq, по четирите дена пад, благо пораснаа.

Тргувањето беше претпазливо бидејќи инвеститорите не сакаа да преземаат ризици пред објавувањето на кварталните деловни резултати од „Nvidia’, најголемиот светски производител на чипови за вештачка интелигенција. По два дена остри падови, цената на акцијата на „Nvidia“ вчера порасна за повеќе од 3,5 отсто.
Во продолженото тргување, по затворањето на Волстрит, кога „Nvidia“ го објави својот деловен извештај, цената на нејзината акција прво порасна за околу 2 отсто, а потоа благо падна.
Деловните резултати на технолошкиот гигант се во согласност со очекувањата, додека деловните проценки за првиот квартал од оваа година се малку над очекувањата.
Инвеститорите се внимателни и затоа што серија неодамнешни макроекономски податоци укажуваат на слабеење на американската економија, а бидејќи инфлацијата е висока, не се очекува американската централна банка да продолжи со намалувањето на каматните стапки во првата половина од годината. Особено што челниците на Fed велат дека останува да се види како политиката на американскиот претседател Доналд Трамп ќе влијае на економијата и инфлацијата.
А Трамп вчера изјави дека многу брзо би можел да воведе царини од 25 отсто за увоз на производи од Европската унија. Европската комисија, пак, најави брза реакција, а на повидок е трговска војна, што може негативно да влијае на растот на овие економии.
На европските берзи, пак, вчера поскапеа акциите. Лондонскиот FTSE индекс порасна за 0,72 отсто, на 8.731 поен, додека франкфуртски DAX порасна за 1,71 отсто, на 22.794 поени, а париски CAC за 1,15 отсто, на 8.143 поени.
Слични новости
Волстрит благо порасна, инфлацијата благо се намали
На Волстрит, индексот S&P 500 порасна во средата, по два дена пад, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од ублажувањето на инфлацијата во САД, но тргувањето останува претпазливо бидејќи Вашингтон води тарифна војна на повеќе фронтови
Инфлацијата во САД забави во февруари
Инфлацијата во Сoединетите држави забавила во февруари, првпат по пет месеци, со забележителен пад на цените на бензините, покажаа податоците на Министерството за труд објавени во средата
Цените на нафтата пораснаа до 71 долар
Цените на нафтата пораснаа во средата на меѓународните пазари до 71 долар, поттикнати од знаците за посилна побарувачка во САД