Лидерот на Партијата на слободата и правдата, Драган Ѓилас и членот на партијаta, Ѓорѓе Алексиќ синоќа се повредени во тепачка што избила откако затекнале лица кои лепат плакати против Ѓилас, соопшти ССП.
Ѓорѓе Алексиќ по тепачката изјави дека кога го собориле Драган Ѓилас на подот „буквално почнале да го клоцаат“.
Драган Ѓилас во текот на ноќта завршил во Ургентниот центар, каде што му била снимена главата поради помали набиеници при тепачката. Покрај тоа, тој се здоби и со повреда на скочниот зглоб.
Ѓорѓе Алексиќ, кој бил со него, добил најмногу клоци во пределот на грбот и задниот дел од главата, а има и неколку хематоми.
Тој за српските медиуми изјави дека кога насилниците го собориле Драган Ѓилас тој се обидел да му помогне.
„Легнав врз него, а тие продолжија да не клоцаат заедно. На видеото се гледа како луѓето паѓаат од силината на ударот. На видеото се гледа дека никој не дошол таму да се пресмета со никого, се гледа дека ги држам рацете горе, се обидувам да спречам нешто полошо да се случи, но тие први нападнаа. Се одбранивме, тоа можете да го видите на видеото“, изјави Алексиќ.
Слични новости
Турција ќе добие уште милијарда евра од ЕУ за сириските бегалци
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторникот објави дека Турција ќе добие уштемилијарда евра оваа година за помош на сириските бегалци во земјата
Србија и натаму блокирана во пристапните преговори со ЕУ
И покрај напорите на унгарското претседателство, пристапните преговори со Србија остануваат блокирани, додека Црна Гора и Албанија постигнаа напредок во пристапниот процес во понеделник и вторник
Албанија ги отвори преговорите по кластерот „Надворешни односи“
Во Брисел во вторникот се одржа третата меѓувладина конференција ЕУ-Албанија на која за земјава беше отворен Кластерот 6 за надворешна политика