Променливо облачно со сончеви периоди. На планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер.

До вторник ќе биде претежно облачно и суво, а во среда ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. До крајот на неделата во утринските часови ќе има појава на магла во одделни котлини.

 

Слични новости

Пратеничката група на СДСМ не е опфатена со партиската чистка

Пратеничката група на СДСМ не е опфатена со партиската чистка

Партиската чистка на раководството и Извршниот одбор нема да ја зафати и пратеничката група на СДСМ. Филипче нема да бара враќање на пратеничките мандати, затоа што смета дека тие се искусни професионалци кои се добар репрезент на партијата во Собранието.