„Хари Потер и проколнатото дете“ претстава која е поставена уште во 2018 година на Бродвеј е прва на театарскиот Бокс Офис, откако неделава заработи 2,98 милиони долари.

Претставата повторно се искачи на првото место откако во ноември Том Фелтон, кој го играше Драко во оригиналниот филм Хари Потер и се приклучи на бродвејската претстава во ноември. Капацитетот на Лирик театарот на Бродвеј е исполнет 100 проценти, а претставата е целосно распродадена.

Втора на Бокс Офисот е претставата „Хамилтон“ со заработка од 2,8 милиони долари, а трет е мјузиклот „Wicked“ со 2,76 милиони. На бродвејскиот репертоар сеуште се даваат и хитовите „The Lion King“ и  „Mamma Mia“.

Нова претстава на Бродвеј е „All Out Comedy About Ambition“ со Ајк Баринхолц, Џим Гафиган, Аби Џејкобсен и Џон Стјуарт.

 

Слични новости

Концерт на Влатко Стефановски во Белград

Концерт на Влатко Стефановски во Белград

Влатко Стефановски во неговата кариера која трае половина век, со групата „Леб и сол“, но и со соло настапите, се покажа како извонреден инструменталист, пишува белградска „Политика“.

Снуп Дог го води тимот на САД на ЗОИ 2026

Снуп Дог го води тимот на САД на ЗОИ 2026

Раперот и забавувач, 54-годишниот Снуп Дог дефинитивно е именуван за почесен водач на американскиот национален тим за Зимските олимписки и параолимписки игри што ќе се одржат во Милано и Кортина д’Ампецо