„Хари Потер и проколнатото дете“ претстава која е поставена уште во 2018 година на Бродвеј е прва на театарскиот Бокс Офис, откако неделава заработи 2,98 милиони долари.
Претставата повторно се искачи на првото место откако во ноември Том Фелтон, кој го играше Драко во оригиналниот филм Хари Потер и се приклучи на бродвејската претстава во ноември. Капацитетот на Лирик театарот на Бродвеј е исполнет 100 проценти, а претставата е целосно распродадена.
Втора на Бокс Офисот е претставата „Хамилтон“ со заработка од 2,8 милиони долари, а трет е мјузиклот „Wicked“ со 2,76 милиони. На бродвејскиот репертоар сеуште се даваат и хитовите „The Lion King“ и „Mamma Mia“.
Нова претстава на Бродвеј е „All Out Comedy About Ambition“ со Ајк Баринхолц, Џим Гафиган, Аби Џејкобсен и Џон Стјуарт.
Слични новости
Откриена фреска на „Добриот пастир“ во древен гроб
Фреската го покажува голобрадиот Исус Христот, млад и облечен во тога, со јаре преку рамото, што е еден од ретките примери на приказ на Иус Христос со изразени римски атрибути на теренот на Анадолија.
Вим Вендерс на чело на жирито на 76-то Берлинале
Германскиот режисер Вим Вендерс ќе го предводи жирито на Берлинале во февруари, објави во петокот директорката на фестивалот Триша Татл
Концерт на Влатко Стефановски во Белград
Влатко Стефановски во неговата кариера која трае половина век, со групата „Леб и сол“, но и со соло настапите, се покажа како извонреден инструменталист, пишува белградска „Политика“.


