Бојкотот го преполови прометот на супермаркетите. Податоците на УЈП покажуваат дека граѓаните вчера оставиле двојно помалку пари споредено со денот претходно, но и споредено со минатиот петок.
Во осумте најголеми супермакркети кои главно беа бојкотирани, вкупниот промет бил намален за 46,59 насто.
Евростат денеска објави податок дека Македонија е на трето место според поскапувањата на лебот во Европа, што на некој начин потврдува дека револтот на граѓаните е оправдан.
Евростат соопшти дека лебот во Македонија поскапел за 65 насто, додека во државите на западна Европа каде што стандардот на граѓаните е највисок, цената на лебот била со најмал пораст.
Слични новости
ЕУ изрази жалење за американското зголемување на царините, ќе возврати ако биде цел
Европската унија во неделата „изрази жалење“ поради зголемувањето на американските царини за производи од Канада, Мексико и Кина, опишувајќи ја мерката како „штетна за сите страни“, ден откако американскиот претседател Доналд Трамп ги потпиша указите
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
Заеднички истражен тим од Македонија и Србија по повеќемесечна меѓународна соработка, од неделата утрото спроведуваше координирани активности за разоткривање на криминална група што се занимавала со фалсификување и нудење на пазар на европска валута – евро во различни апоени
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест за правда и безбедност во Скопје
Илјадници граѓани денеска во Скопје се собраа на мирен протест изразувајќи ја својата поддршка за Фросина Кулакова и сите жртви од сообраќајни незгоди. Извикувајќи во еден глас граѓаните, меѓу другото, побараа „правда за Фросина“, „правда за жртвите“, „оставка“ и „затвор за Васил“