Ливерпул ја зголеми предноста на врвот на табелата во англиската Премиер лига на четири бода пред второпласираниот Челзи, благодарение на победата со 6:3 (3:1) на гости против Тотенхем Хотспур во голеадата во северен Лондон во последниот натпревар од 17. коло.

Дијаз (23) и Мек Алистер (36) со удари со глава им донесоа предност на гостите од 2:0, Медисон (41) потоа намали на 1:2, но Шобошлаи во првата минута од судиското продолжение на првиот дел ја врати предноста од два гола за Ливерпул во последните секунди од првиот. Откако Салах во 54. и 61. минута по двете асистении постигна два гола за водство на „црвените“ на 5:1, се чинеше дека мечот е завршен, но Дејан Кулушевски во 72. и Соланке во 83. минута ги вратија надежите на домашните. Но таа надеж траеше само две минути, а потоа играчот кој ја започна голијадата а претдходно не реализираше изгледна позиција Дијаз во 85. минута стави крај на неизвесност со својот втор гол на дуелот.

 

Ливерпул сега има 39 бода, четири повеќе со натпревар повеќе од второпласираниот Челзи, кој претходно во неделата одигра без голови кај Евертон.

Така, фудбалерите на Челзи ја пропуштија шансата барем на неколку часа да заседнат на врвот на англискиот фудбалски шампионат откако не успеаја да го победат Евертон на гости на „Гудисон Парк“ во натпреварот од 17. коло. Евертон е 15-ти со 16 бодови.

Саутемптон на „Крејвен Котиџ“ дојде до бод кој го освои играјќи 0:0 со домашниот Фулам. Саутемптон и покрај овој бод и натаму е убедливо последен на табелата со само шест бодови, шест помалку од 18-от Вулверхемптон и 19-от Ипсвич. Фулам е деветти со 25 бодови.

Манчестер Јунајтед доживеа ново понижување оваа сезона, губејќи на својот „Олд Трафорд“ од Бурнмаут со 0:3 (0:1). Головите ги постигнаа Хуисен во 29., Клајверт од пенал во 61. и Семењо 63 минута.

Бурнмаут сега е петти со 28 бода, додека промената на тренерот не му помогна на Јунајтед, бидејќи и под водство на Рубен Аморим тимот игра многу слабо и сега е 13-ти со 22 бода.

globe

Слични новости

Усик повторно подобар од Фјури

Усик повторно подобар од Фјури

Украинскиот шампион во тешка категорија Олександар Усик ја одбрани светската титула победувајќи го британскиот боксер Тајсон Фјури на поени во Ријад