Во 14. коло од англиската Премиер лига, фудбалерите на Манчестер Сити ја прекинаа долгата негативна низа со победата од 3:0 против Нотингем Форест, додека Ливерпул во одличен натпревар ремизираше 3:3 кај Њукасл.
Во последните седум натпревари, во сите натпреварувања, Манчестер Сити само еднаш ремизираше и шест пати загуби. Црната серија заврши оваа среда, а избраниците на Жосеп Гвардиола го победија Нотингем Форест со 3:0 на својот „Етихад“.
Манчестер Сити жестоко го отвори натпреварот со желба конечно да дојде до победа, првпат по крајот на октомври. Домашните поведоа уште во осмата минута. Гундоган нафрли, Де Брујен биеше со глава, а Бернардо Силва ја смести топката во гостинската мрежа.
После тоа, хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол имаше две одлични шанси да зголеми на 2:0. Во 15. минута беше непрецизен со глава од непосредна близина, додека во 21. минута тргна кон противничкиот голман, но ја испрати топката покрај стативата. Се закани и Нотингем Форест, но во 31. минута Де Брујне со прецизен удар зголеми на 2:0. Сѐ беше заклучено со голот на Доку во 57. минута за 3:0.
Њукасл и Ливерпул одиграа одличен натпревар, а водечкиот тим во лигата остана без победа само третпат во сезоната играјќи 3:3. Ливерпул сега има седум бода повеќе од второпласираниот Челзи.
Њукасл двапати водеше, со головите на Исак во 35. минута и Гордон во 62. минута. Џонс во 50. минута израмни на 1:1, а потоа на сцена стапија Александар-Арнолд и Салах. Првиот двапати асистираше, вториот двапати одлично погоди во 68. и 83. минута за 3:2 на Ливерпул. Домашниот тим сепак го имаше последниот збор на овој натпревар. По прекин, Шаер ја начека топката на втората статива и погоди од мртов агол за конечните 3:3.
Премиер лига: Конечно победа на Сити, реми на Ливепрул а Челзи ја продолжува победничката серија

Челзи продолжува да игра во одлична форма, а во ова коло победи на гостувањето кај Саутемптон со 5:1. На Челзи му беше полесно од крајот на првото полувреме кога беше исклучен домашниот играч Стивенс. Сепак, и до тогаш гостите имаа водство од 3:1. Головите за Челзи ги постигнаа Дисаси, Нкунку, Мадуеке, Палмер и Санчо, додека на другата страна единствен стрелец беше Арибо. Челзи привремено дојде на второто место на табелата.
Само третата победа сезонава ја забележа Евертон кој пред своите гледачи го победи Вулверхемптон со убедливи 4:0. Јанг и Мангала беа стрелци за 2:0, а потоа трагичар на мечот беше гостинскиот играч Досон кој си постигна два автогола.
Колото во четврток ќе го затворат Фулам – Брајтон и Бурнемаут – Тотенхем.
Слични новости
Лоусон ќе го замени Перез во тимот на Ред Бул
Во средата беше објавено дека мексиканскиот возач го загубил местото во тимот по четири години, бидејќи зад него е разочарувачката сезона
Арсенал, Њукасл и Ливерпул во полуфиналето на Лига купот
Фудбалерите на Арсенал, Њукасл и Ливерпул се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп, а последната четвртфинална двојка е Тотенхем – Манчестер Јунајтед која ќе се соочи во четврток
Евролига: Убедливи победи на Олимпијакос и Ефес
Во последниот натпревар од колото, кошаркарите на Олимпијакос ја прекинаа серијата од два евролигашки пораза во низа и со далеку подобра игра во вториот дел го скршија отпорот на Виртус од Болоња, славејќи со резултат 87:77 во салата „Мир и пријателство“ во Пиреја