Во дерби натпреварот од 24. коло на англиската Премиер лига, фудбалерите на Арсенал на својот стадион „Емирати“ го совладаа Манчестер Сити со 5:1.
Арсенал продолжи со потерата по лидерот Ливерпул и сега повторно заостанува шест бода, но Ливерпул има натпревар помалку. Манчестер Сити продолжи да се мачи оваа сезона и остана на четвртото место на табелата, но заостанува девет бода зад својот денешен противник.
Арсенал поведе во втората минута со голот на Одегард. Во 23. минута гостите од Манчестер ја имаа најубавата шанса на првото полувреме. Јошко Гвардиол упати топка со глава, но домашниот голман Давид Раја ја одби во гредата. Од друга страна, Хаверц пропушти голема шанса за 2:0.
Манчестер Сити израмни во 55. минута по еден многу убав потег. Асистент беше Савињо, а Ерлинг Халанд погоди со глава. Но, задоволството во гостинските редови беше многу кратко. Арсенал постигна два брзи гола, Партеј во 56. минута со помош на гостинскиот играч Стоунс кој ја доби топката од него, и Луис-Скели во 62. минута беа стрелци за 3:1 на Арсенал.
Многу подобриот Арсенал до крајот постигна уште два гола, Хаверц во 76. минута и Нванери во 93. минут
Продолжи големата криза на фудбалерите на Манчестер Јунајтед и во 24. коло, Кристал Палас со 2:0 славеше на „Олд Трафорд“. Двата гола ги постигна Кристал Палас во вториот дел, а јунак на победата беше францускиот фудбалер Жан-Филип Матета, кој ги постигна двата гола, во 64. и 89. минута.
Кристал Палас со оваа победа го прескокна Манчестер Јунајтед на табелата, кој сега е на 13. место.
Тотенхем беше подобар од Брентфорд на гости со исти 2:0. Во 29. минута Јанелт си постигна автогол за почетно водство на гостите, додека победата на Тотенхем беше потврдена во 87. минута кога Сар погоди за 2:0. Тотенхем е една позиција зад Манчестер Јунајтед на табелата.
Ова коло ќе заврши со натпреварот помеѓу Челзи и Вест Хем во понеделник.
Слични новости
Фокс разменет во Спарс, ЛаВин оди во Кингс
Голема размена се случи во американската професионална кошаркарска НБА лига, во која учествуваа три клуба, а беа разменети седум играчи и уште седум избори на драфтот, а најголемото име што го промени клубот беше „Ол-стар“ бекот Де’Арон Фокс, кој премина од Сакраменто Кингс во Сан Антонио Спарс
Лука Дончиќ допатува во Лос Анџелес и порача дека доаѓа за да освојува титули
Лејкерс денеска му посакаа добредојде на Дончиќ, кој рече дека кошарката му значи се, без оглед каде игра. „Ќе играм со истата радост, истата страст и истата цел – да освојувам титули“ им порача Дончиќ на навивачите на Лејкерс.
Далас тешко настрада во првиот меч по трејдот на Дончиќ, голем пресврт на Бостон
Далас Маверикс, ден откако објавија дека го размениле Лука Дончиќ за Ентони Дејвис, претрпеа тежок пораз на гостински терен од првиот тим во лигата Кливленд Кавалирс