Клубовите од англиската Премиер лига се договорија од следната сезона да има ограничување на трошоците. Трошоците на клубовите за трансфери на играчи и плати ќе бидат ограничени на 85 насто од нивните фудбалски приходи и нето добивката или загубата од продажбата на играчи. Ако се надмине лимитот, на клубовите ќе им бидат одземани бодови.

Ограничувањата се воведоа откако во последните сезони почнаа да се плаќаат астрономски и нереални суми за доведување на играчи, а некои од клубовите, само на трансфери потрошија над 500 милиони фунти годишно.

Новите правила ги заменија контроверзните прописи за профит о идрливост според кои клубовите се соочуваа со казна доколку нивните финансиски загуби во текот на тригодишен период надминуваа 105 милиони фунти.

Слични новости

Турција: 29 играчи уапсени за обложување

Турција: 29 играчи уапсени за обложување

Турските власти наредија во петокот апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широката истрага за местење натпревари, соопштија обвинителите во Истанбул