Премиерот Христијан Мицкоски очекува продолжување на добрососедските односи и на економската соработка со соседна Србија. Во својата прва изјава по изборите на кој во Србија победи Студентската листа, тој рече дека меѓу првите ги изразил своите честитки на студентите кои со нивните листи предводена од Илија Срдановиќ ги добија изборите .
По обвинувањата од опозицијата за поврзаноста на македонските власти со Вучиќ. Мицкоски рече дека не е изненаден од реториката на СДСМ и дека очекува во наредниот период ваквата реторика на Бихаќка да се засили.
СДСМ побара обвинителството и Народната банка да отворат истраги за сомнителните трансакции во Македонија од Србија, кои можеби имаат и руска позадина.
Слични новости
Мултифондови за похрабро инвестирање и повисоки приноси наместо укинување на вториот пензиски столб
Парите од вториот пензиски столб не се оплодуваат доволно, но решението не е во укинување на вториот столб, туку во негова реконструкција. Пензиските друштва го гледаат решението во законски измени кои ќе овозможат похрабро, но и поризично инвестирање на пензиските заштеди, кои ќе носат и повисоки приноси.
Владата го намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти – повластената стапка од вечерва по полноќ до полноќ на 28 септември
Владата го намалува ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 отсто. Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за Еуросупер БС-95, односно 102,5 денари за литар Еуросупер БС-98.
Притворот за обвинетите од дискотеката Пулс истекува на 3-ти октомври
Според законот, обвинет може да биде задржан во притвор максимум една година од оценката на обвинението. За „Пулс“ тоа е 3 октомври, кога му истекува ефективниот притвор на Дејан Јованов.


