
Премиерот Христијан Мицкоски очекува според последните индикатори во економијата во вториот квартал да има висок раст на домашниот БДП.
„Сите индикатори што се објавуваат за првиот месец од вториот квартал се вонредно високи, тоа е четврти квартал од оваа Влада, што може да укаже на тоа дека состојбата се стабилизира во рамките на нула. Не велам дека имаме раст, но ако имаме предвид дека бевме длабок минус ние сме дојдени во состојба нула и сега треба да креваме“, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Мицкоски оцени дека ова се охрабрувачки сигнали, и рече дека воедно е забележан и раст на кредитите од страна на правните лица. Растот на кредитите, исто така од страна на правните лица е поголем за инвестиции во основни средства околу 16 поценти и ова се параметри кои укажуваат дека во вториот квартал би требало да имаме еден извонредно висок раст на БДП, изјави премиерот Мицкоски.
Слични новости
Доларот падна на најниско ниво во последните три години
Доларот падна на најниско ниво во последните три години, затоа што променливата трговска политика на Соединетите Американски Држави внесува нестабилност на пазарите.
Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс
Од протестот побараа максимална затворска казна за Љубе Крествески. Во македонскиот Кривичен Законик веќе 20 години постои кривичното дело убиство и мачење животни, кое се казнува со затворска казна, а досега не е изречена ниту една таква пресуда.
Вкупниот промет во индустријата зголемен за 6 проценти во април на годишно ниво
Во април годинава во однос на март годинава, вкупниот промет во индустријата, бележи пад од 7,9 проценти, додека во периодот јануари – април годинава во однос на истиот период лани има зголемување од 3,6 проценти.