Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Брисел ќе учествува на Самит за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз, кој е замислен како собир на кој високи претставници на ЕУ и на земјите кандидати за членство ќе разговараат за иднината на европската интеграција.

Станува збор за прв настан од ваков тип на кој креаторите на политики, експертите и лидерите во телевизиски пренос во живо ќе дебатираат за клучниот избор на Европа: Дали Унијата ќе се прошири и ќе се развива или ќе ризикува стагнација?

Војната на границите на ЕУ и растечките демократски аспирации во нејзиното соседство го направија проширувањето повеќе од политика: сега тоа е стратешки императив, се наведува во најавата за настанот.

Се очекува Самитот да испита дали хоризонтот на проширување до 2030 година за земјите кандидати за членство од Западниот Балкан и од Источното партнерство е веродостоен или симболичен, како и што би значела подлабоката интеграција за демократијата, економијата и стратешката автономија на Европа.

На Самитот е најавено и учество на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на претседателите на Молдавија, Србија и Украина, Маја Санду, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски, на премиерите на Албанија и на Црна Гора, Еди Рама и Милојко Спајиќ, на еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и на претседатeлот на Комитетот за надворешни работи на ЕП, Дејвид Мекалистер.

 

Слични новости

Спречен увоз на 26 тони пилешко месо од Бразил

Спречен увоз на 26 тони пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз

Двајца убиени и девет ранети во пукање на американски универзитет

Двајца убиени и девет ранети во пукање на американски универзитет

Полицијата на Род Ајленд трагаше по осомничен доцна во саботата по пукањето на Универзитетот Браун во Провиденс, во кое загинаа двајца студенти, а осум други беа сериозно повредени на колеџот „Ајви лига“, соопштија официјални лица. Деветто лице беше рането од фрагменти од куршуми

Граничните премини кон Грција блокирани со часови

Граничните премини кон Грција блокирани со часови

Викендов во одредените периоди повторно ќе бидат зтворени граничните премини Евзони – Богородица и Ники – Меџитлија, на македонско-грчката граница. Времето во кое не се пропуштаат возила останува исто, од 12.00-16.00 и од 18.00-22.00 часот по грчко време.