Претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски рече дека новите 500 милиони евра ќе биде заем од европска држава, но не сакаше да каже која е таа држава и дали тоа можеби не е повторно  Унгарија, освен дека сстанува збор за кредит од европска држава.

Премиерот рече дека 500-те милиони евра кредит ќе бидат вложени во реконструкција на локални, регионални и експресни патишта. Ќе се поврзуваат општина со општина со локални и регионални патишта.

 Владата веќе се задолжи една милијарда евра од Унгарија. Петстотини милиони се искористија за враќање на еврообврзницата, 250 милиони евра се предвидени за општините и 250 милиони евра за поддршка на бизнисот.

 

Слични новости

Цените на нафтата пораснаа кон 73 долари

Цените на нафтата пораснаа кон 73 долари

Цените на нафтата се зголемија на 73 долари на меѓународните пазари во понеделникот, бидејќи САД објавија царини за земјите што купуваат барели од Венецуела по санкциите за иранската нафта