
Претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски рече дека новите 500 милиони евра ќе биде заем од европска држава, но не сакаше да каже која е таа држава и дали тоа можеби не е повторно Унгарија, освен дека сстанува збор за кредит од европска држава.
Премиерот рече дека 500-те милиони евра кредит ќе бидат вложени во реконструкција на локални, регионални и експресни патишта. Ќе се поврзуваат општина со општина со локални и регионални патишта.
Владата веќе се задолжи една милијарда евра од Унгарија. Петстотини милиони се искористија за враќање на еврообврзницата, 250 милиони евра се предвидени за општините и 250 милиони евра за поддршка на бизнисот.
Слични новости
Глобалните берзи закрепнуваат, но инвеститорите и натаму загрижени за царините
Цените на акциите на светските берзи донекаде закрепнаа минатата седмица, по неколкуседмичниот пад поради стравувањата од трговските тензии и рецесија и продажбата на технолошки акции,
Во првите два месеци од 2025 продажбата на Тесла во Европа е падната за 44 насто
Постовите на Маск на платформата Х и мешањето во внатрешните работи на повеќе европски земји на Илон Маск ја налутија јавноста ширум Европа. Тоа негативно се одразува на брендот Тесла, кој се соочува со голем пад на продажбата и континуиран пад на цената на акциите.
Просечната плата во Хрватска достигна речиси 1.400 евра
Зголемувањето на минималната плата во Хрватска на 970 евра ја зголеми просечната плата за јануари за 31 евро, а таа сега е речиси 1.400 евра....