Премиерот Христијан Мицкоски и министрите ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит на 3-4 март 2025 година што ќе се одржи во Унгарија.
Како што соопшти владината прес-служба, согласно агендата предвидени се тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан.

Во рамки на владиниот самит предвидено е да се одржат и билатерални средби помеѓу ресорните министри на двете влади, по што ќе следи и заедничка владина седница помеѓу двете влади.
Во рамки на посетата предвидено е министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешна политика и трговија Петер Сијарто да потпишат Акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика во Будимпешта, стои во соопштението.
По завршување на меѓувладината седница заедничка прес-конференција за медиуми ќе одржат премиерот на македонска Влада Христијан Мицкоски и премиерот на унгарската Влада Виктор Орбан
Слични новости
Филков од Љубљана: Сега е моментот кога ЕУ мора да покаже вистинско лидерство и политичка волја на патот на интеграцијата на Западен Балкан
Пред нас е важен период кога мораме да покажеме политичка волја, лидерство и посветеност за спроведување на сите овие реформи. Европската Унија и нејзините институции треба да продолжат да ја поддржуваат оваа амбиција, да покажат лидерство во решавањето на билатералните и регионалните проблеми, и да ја продолжат својата поддршка на патот на интеграцијата на Западниот Балкан, истакна министерот за правда Игор Филков
Чупеска: Уставниот поредок на удар, наместо реформи, власта прави упад во правосудството
Според Чупеска, власта ја демонстрира својата злонамера за целосна партизација и политичка контрола врз правосудната власт.
Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста
Се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието, а една амбасадорка се отповикува во редовна постапка поради завршување на мандатот.