Премиерот Христијан Мицкоски и министрите ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит на 3-4 март 2025 година што ќе се одржи во Унгарија.
Како што соопшти владината прес-служба, согласно агендата предвидени се тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан.

Во рамки на владиниот самит предвидено е да се одржат и билатерални средби помеѓу ресорните министри на двете влади, по што ќе следи и заедничка владина седница помеѓу двете влади.
Во рамки на посетата предвидено е министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешна политика и трговија Петер Сијарто да потпишат Акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика во Будимпешта, стои во соопштението.
По завршување на меѓувладината седница заедничка прес-конференција за медиуми ќе одржат премиерот на македонска Влада Христијан Мицкоски и премиерот на унгарската Влада Виктор Орбан
Слични новости
Мицкоски не очекува криза, но смета дека заканите од ДУИ ќе продолжат со несмален интензитет
Премиерот Христијан Мицкоски не очекува политичка криза во пресрет на локалните избори, но очекува, како што изјави денеска, заканите од страна на ДУИ да продолжат со несмален интензитет.
Мисајлоски: Буџетот за одбраната е два отсто и ќе се зголемува со растот на економијата
Сегашното издвојување од Буџетот за одбраната е над два проценти и тој процент ќе се зголемува со растот на економијата, но засега и наеднша е тешко остварливо да се постигнат пет проценти, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски
Одржана редовна седница на Извршниот одбор на НБ за монетарната политика
На седницата беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата, но и на ризиците, коишто и натаму постојат и се нагласени