Далас Маверикс синоќа на гостински терен ги победија Голден Стејт Вориорс со 143:133, а до победата ги предводеше Лука Дончиќ со 45 поени, 13 асистенции и 11 скока.
Ова е 80-ти „трипл-дабл“ учинок за Дончиќ во кариерата. Клеј Томпсон постигна 29 поени со пет скока и четири асистенции за својот поранешен тим, додека Кајри Ирвинг додаде 21 поен и осум асистенции. Најдобри играчи на Голден Стејт беа Ендрју Вигинс со 29 поени и Стеф Кари со 26 поени, пет скока и 10 асистенции.
Маверикс и Вориорс заедно го постигнаа рекордот во НБА за најмногу постигнати „тројки“ во еден натпревар – 48, при што Голден Стејт постигна 27 (од 54 обида) и Далас 21 (од 41).
Далас е трет во Западната конференција со 17 победи и девет порази, а Голден Стејт е седми во истата конференција со 14 победи и 11 порази.
Феникс Санс на домашен терен ги победија Портланд Трејл Блејзерс со 116:109, а Девин Букер постигна 28 поени за победа на својот тим. Иако погоди само една „тројка“ во девет обиди, Кевин Дурент додаде 20 поени за Санс.
Ова е шести пораз во низа за Портланд. Сите пет стартери на Трејл Блејзерс постигнаа двоцифрени поени, предводени од Анферни Симонс со 20 поени и Џерами Грант со 17.
Откако никогаш не водеше во првото полувреме и на полувремето заостануваше со шест поени разлика (57:51), Портланд ја започна третата четвртина со серија од 11:0 со која го презема првото водство. Феникс одговори и поведе со 73:71 по последователните „тројки“ на Тајус Џонс и Букер. Санс водеа со 83:79 на почетокот на последната четвртина, а Феникс имаше 16 поени предност на нешто повеќе од пет минути до крајот. Блејзерси погодија три „тројки“ во последната минута за тесниот конечен резултат.
Лос Анџелес Лејкерс исто така на домашен терен ги победија Мемфис Гризлис со 116:110, а Ентони Дејвис го израмни рекордот на сезоната со 40 поени и 16 скока. Остин Ривс постигна 19 поени и 8 асистенции, додека Леброн Џејмс, кој се врати откако пропушти два натпревара поради повреда на стапалото, за Лос Анџелес постигна 18 поени, осум скока и осум асистенции.
Џерен Џексон Џуниор ги предводеше Гризлис со 25 поени, а Џа Морант постигна 20 поени со седум скока и шест асистенции.
Индијана Пејсерс ги победија Њу Орлеанс Пеликанс со 119:104 во Индијанаполис, што е нивни четврти пораз во низа. До победата ги предводеше Паскал Сијакам со 22 поени, а Тајрис Халибартон додаде 21 поен и 10 асистенции. Кај Пеликанс најдобар беше Брендон Бостон Јуниор. со 20 зафати, а по него се Херб Џонс и Дежунт Мареј со по 19.
Водејќи со 17 на полувремето, во еден момент од третата четвртина Пејсерс имаа и водство од дури 25 поени. На почетокот на последната четвртина водеа со 19 разлика.
Бостон Селтикс лесно ги совладаа Вашингтон Визардс со 112:98 на гостински терен, што е нивни 19-ти пораз во последните 20 натпревари. Џејсон Тејтум собра 28 поени и 12 скока за победата на Бостон, а Пејтон Причард влезе од клупата и имаше 15 поени, 11 скока и шест асистенции. Џордан Пул ги предводеше Визардс со 21 поен. Билал Кулибали заврши со 19 поени.
Њујорк Никс го совлада Орландо Меџик со 100:91 на гости, а Карл-Ентони Таунс го забележа својот прв натпревар со најмалку 20 поени и 20 скока по повеќе од пет години. Таунс го заврши натпреварот со 22 поени и 22 скока за неговиот 13-ти натпревар во кариерата со учинок 20-20 и прв од 23 март 2019 година, кога имаше 33 поени и 23 скока за Минесота Тимбервулфс против Мемфис Гризлис.
Џејлен Брунсон постигна 31 поен за Никс, кои имаат наизменично победи и порази во последните пет натпревари. Мориц Вагнер постигна рекордни во кариерата 32 поени од клупата за Меџик, кои загубија на домашен терен првпат во 11 натпревари оваа сезона.
Слични новости
Роналдо сака да стане претседател на Бразилската фудбалска асоцијација
Поранешната бразилска ѕвезда Роналдо сака да го замени Едналдо Родригеш на функцијата претседател на Бразилската фудбалска асоцијациј
НБА: Десетти „трипл-дабл“ на Јокиќ сезонава за тесна победа на Денвер
Никола Јокиќ го забележа десеттиот „трипл-дабл“ сезонава за Денвер Нагетс кои славеа тесна победа над Сакраменто Кингс со 130:129
Лукман избран за најдобар фудбалер од Африка
Нигериeцот Адемола Лукман е најдобриот африкански фудбалер во 2024 година