Висока статуа на фудбалскиот великан Пеле е откриена во мексиканскиот град Гвадалахара во знак на сеќавање на неговите достигнувања со репрезентацијата на Бразил. Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле кој почина во 2022, освои една од своите три титули токму во Мексико во 1970.

Статуата на Пеле е висока 9,5 метри и се наоѓа на плоштадот Бразил пред стадионот Халиско кој беше домаќин на натпреварите на Светските првенства во фудбал во 1970 и 1986.

Бразил на овој стадион ги одигра натпреварите од четвртфиналето и полуфиналето, пред да ја победи Италија на стадионот Астека во Мексико Сити.

Слични новости