Собраниската Комисија за одбрана и безбедност го разгледа и проследи на понатамошна постапка Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир со кој се предлага измена на законската регулатива во насока на забрана на употреба на експлозивни материи – пиротехнички средства во затворен простор. Предлогот денеска треба да биде разгледан и во Законодавно-правната комисија.

Со предложениот Закон, за кој не беа поднесени амандмани, се врши интервентна измена во Законот за прекршоците против јавниот ред и мир како резултат на трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март во кој загинаа 59 млади луѓе и околу 200 беа повредени.

Се утврдува дека не е дозволена употреба на пиротехнички средства определени со закон во објекти и простории од затворен тип, а се предвидуваат и прекршочни глоби за физички и правни лица кои постапуваат спротивно на забраната.

Пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ на комисиската расправа истакна дека предлогот е во насока на зголемување на превенцијата и редот во државата.

-Сето тоа е во насока на зголемување на превенцијата и редот во државата каде што би требало имплементацијата на истите да придонесе да не се повторат вакви несреќи за кои сите жалиме. Драго ми е што беше поддржан од опозицијата. Проширени се делата за нарушување на јавен ред и мир. Зголемена е глобата, додека за повторување на прекршувања се предвидува и радикална мерка одреден притвор, а се зголемуваат и надлежностите на полицијата – информираше тој.

Според пратеничката Драгана Бојковска од ВМРО-ДПМНЕ, оваа законска измена не претставува само законска измена, туку треба да претставува чекор и апел дека треба да постои одговорност но и дека не смее да има компромис кога се работи за безбедноста на младите.

Во предлогот стои дека имајќи предвид дека во процес на изготвување е нов Закон за експлозивни материи за цивилна употреба од страна на надлежното министерство, со конкретниот предлог се врши интервентна измена на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, до донесување на новите законски решенија со кои детално ќе бидат регулирани сите аспекти поврзани со експлозивните материи за цивилна употреба, во кои се опфатени и пиротехничките средства.

globe

Слични новости

Министерот Муцунски во Брисел: Проширувањето мора да биде врвен политички приоритет со јасна и предвидлива траекторија

Министерот Муцунски во Брисел: Проширувањето мора да биде врвен политички приоритет со јасна и предвидлива траекторија

Министерот изрази искрена благодарност до Европската Унија и земјите членки за покажаната солидарност и брзата реакција по трагичната несреќа во Кочани, оценувајќи ја како автентичен пример за европски вредности на дело

Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата

Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата

Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи и демонстрираната подготвеност од двете страни, за утре во 14 часот е закажана средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, посочуваат од Владата.

ССМ бара минимална плата од 500 евра, во спротивно генерален штрајк или протест

ССМ бара минимална плата од 500 евра, во спротивно генерален штрајк или протест

Членовите на највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија пред Владата побараа повлекување на одлуката за зголемување на минималната плата за 1.800 денари и намалување на платите на избраните и именуваните лица на ниво на минимална плата. Од ССМ побараа да запрат и нападите врз синдикатите.