Во услови на криза околу случувањата на Алба банка, денеска во комисијата на финансирање и буџет започнува и расправата за предлог-буџетот за 2027 година, кој предвидува приходи од 395,4 милијарди и расходи од 440,4 милијарди денари.
За капитални инвестиции се планирани 40,8 милијарди денари, а државата ќе треба да сервисира долг од 124,6 милијарди денари.
Буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 отсто од БДП, и е во согласност со Фискалната стратегија за периодот 2027–2031 година.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска изјави дека основната цел е да се обезбедат стабилни и одржливи јавни финансии, да се продолжи со постепена фискална консолидација, но истовремено да се создадат услови за економски раст
Слични новости
Македонија одбележува 35 години независност
На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава
Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML 3.9. е регистриран утрово во 5 часот и 40 минути во епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје.