Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска треба да биде разгледан на седница на Влада, по што ќе се достави до Советот на јавни обвинители.
Од владината прес-служба, вчера потврдија дека на денешната седница ќе се разгледа мислењето доставено од Министерството за правда, по што согласно законските обврски, тоа ќе се достави до Советот на јавни обвинители.
„Како Влада ќе продолжиме да преземаме активности кои се во насока на подобрување на функционирањето на правосудниот систем. Довербата на граѓаните е сериозно нарушена и затоа сме силно посветени конечно да владее правото и да имаме правна држава“, информираат од прес-службата на Владата.

Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата одржана на 11 февруари годинава презеде активности и подготви мислење за предлог разрешување на државниот јавен обвинител кое го достави до Владата за натамошно процесуирање согласно Законот за Јавното обвинителство и Уставот.
„Во изминатиот период бевме сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство“, беше соопштено од Министерствот за правда.
Државниот јавен обвинител на Македонија, како што велат од Министерството за правда, постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе.
Владата на 11. февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
„Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира и секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на првната држава“, соопшти на прес-конференција портпаролката на Владата, Марија Митева.
Мандатот на републичкиот обвинител трае шест години, а Коцевски беше избран на оваа позиција пред една година. Владата сака предвреме да биде прекинат мандатот на Коцевски, а причината за тоа е, како што велат оттаму, разочараноста од постапувањето надвор од законските надлежности, посочувајќи дека Коцевски незаконски именувал, вршител на должност на Вишото јавно обвинителство на местото на суспендираниот Мустафа Хајрлухаи.
Републичкиот обвинител Коцевски го демантира тврдењето дека незаконски постапил посочувајќи дека го следел законот и роковите во него.
Коцевски во Собранието беше избран за нов државен јавен обвинител во февруари 2024 година.
Слични новости
Тошковски: 51 лице загина, над 100 повредени во пожарот во Кочани
Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
Најмалку 50 жртви во пожар во дискотека во Кочани
Изминатата ноќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувнал пожар во кој, според информации на Министерството за внатрешни работи за медиумите, има најмалку 50 загинати
Филипче: заканите на премиерот за протести се оксиморон
Заканите на премиерот дека ќе се случел народ на судството е порака дека тој признава судство само по своја мерка и дека не сака ниту подобро, ниту...