Предлогот за воведување забрана за филтери на цигарите предизвика негодувања ширум ЕУ, а државите членки не постигнаа согласност со Европската комисија околу тоа колку далеку би требало да се оди со новите правила за тутунот.
Иако внатре во ЕУ во принцип има поддршка идејата за забрана за филтери на цигарите, оваа мерка која би можела значително да го намали пушењето, досега не е спроведена, пренесува порталот Еуроактив.
Според документите на кои се повикува порталот, неколку земји, вклучувајќи гии Германија и Италија, се спротивставија на предложената идеја. Европската комисија ја поддржува забраната за филтри за да се намали привлечноста на цигарите и да се исправи погрешната претстава на потрошувачите дека филтрите ги намалуваат здравствените ризици.
Слични новости
Дете изгоре автомобил со жижица
Петгодишно момченце, на кое мајка му дала жижица, запалило автомобил и предизвикало штета од 30.000 евра, соопшти во неделата полицијата во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија
Бен Стилер му возврати на Тарантино
Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија


