Американските преговарачи вршат притисок врз официјален Киев да им овозможи на САД пристап до критичните минерали во Украина, со закана дека на Украина ќе и биде ускратен пристапот до Старлинк сателитскиот интернет, пренесуваат агенциите повикувајќи се на три извори кои се запознати со преговорите.

Пристапот на Украина до комуникацискиот систем Стралинк во сопственост на Илон Маск што и пружа клучна интернет конекција на Украина и нејзината војска бил тема на неодамнешните разговори меѓу американски и украински официјални лица.

Разговорите беа водени откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го одби предлогот на американскиот министер за финансии Скот Бесент во врска со експлоатацијата на минерални ресурси, пренесува Ројтерс.

Ова прашање повторно било отворено за време на состанокот на специјалниот пратеник на САД Кит Келог и украинскиот претседател Зеленски и за време на состанокот на Украина и било предочено дека се соочува со непосредно исклучување на Старлинк услугите, ако не го прифати договорот за критични минерални ресурси.

Доколку Украина го загуби пристапот до Старлинк, тоа за неа би бил огромен удар, изјавија извори за Ројтерс, кои бараа да останат анонимни.

 

 

Слични новости

Протестот во Белград заврши со немири, Вучиќ порача дека ја разбрал пораката

Протестот во Белград заврши со немири, Вучиќ порача дека ја разбрал пораката

Протестот „15 за 15“, за кој според опозициските медиуми бил еден од најголемите во историјата на Белград, заврши во саботата вечерта пред предвиденото по инцидентите во кои беа повредени 56 лица, 22 беа уапсени, а по првиот инцидент студентите се повлекоа и порачаа дека повеќе тоа не е студентски протест