Лос Анџелес Лејкерс со третата последователна победа ја завршија серијата од шест гостувања, победувајќи ги градските ривали ЛА Клиперс на својот „Интуит Дом“ со убедливи 122:97, иако на овој меч ја немаа на располагање својата нова ѕвезда, Словенецот Лука Дончиќ. Тој сѐ уште се опоравува од повредата на потколеницата и ги бодреше новите соиграчи од клупата.
Во одличното претставување тимот беше предводен од Леброн Џејмс со 26 поени, девет асистенции и осум скока. Покрај Џејмс, кај победничкиот тим се истакнаа Руи Хачимура со 20 поени и Остин Ривс со 20 поени и девет асистенции. Стрелците на Клиперс ги предводеше Норман Пауел со 20 поени, додека Дерик Џонс Јуниор додаде 17.
Лејкерс веќе по првата четвртина имаа 16 поени предност (45:29), а на полувремето беше +23 (73:50). Клиперс успеаја да се вратат на 13 поени од негативата во третата четвртина, но не можеа да стигнат подалеку од тоа против противниците кои беа многу добри во шутот.
Лејкерс шутираа 55,6% од поле, а погодија и 18 тројки од 37 обиди (48,6%). За разлика од тоа, шутот на домашните беше скромни 38,2% и уште поскромни 29,3% за тројки (12/41). Покрај тоа, гостите имаа и 50 скока, 20 повеќе од Клиперси.
Клиперс се на шестото место во Западната конференција со скор од 28-22, последното што овозможува директен пласман во плејофот на крајот од регуларниот дел од сезоната, додека Лејкерс се на петтото место со скор 29-19.
Во Кливленд се одигра дербито на Источната конференција во кое моментално водечките Кавалирс (40-10) му гостуваа на второпласираниот Бостон Селтикс (36-15). Актуелните шампиони победија со 112:107, со што го острварија четвртиот последователен триумф, со што на Кавс им го нанесоа првиот пораз по серијата од четири победи.
Двоцифрен учинок имаа четворица играчи од стартната постава на Селтикс, предводени од Џејсон Тејтум со 22 поени и седум асистенции. Дерик Вајт постигна 20, Кристапс Порзингис 19, а Џејлен Браун 16 поени, на кои додаде и девет скока и шест асистенции. Се истакна и ветеранот Ал Хорфорд со 13 поени и 10 скока.
Најдобар играч на домашната екипа беше Донован Мичел со 31 поен и 10 скока. Го следеа Дариус Гарланд со 25 поени и Џерет Ален со 17 поени и 18 скока.
Само десет секунди ги делеа Хјустон Рокетс од победата во Бруклин кај Нетс, откако Дилон Брукс погоди слободно фрлање за водство од 97:93. Сепак, следеше пресврт, а домашните погодија две „тројки“ за седум секунди и победија со 99:97. Првата ја постигна Кион Џонсон, а по неправилно додавање на гостинската екипа, топката стигна до Д’Анџело Расел, кој ладнокрвно упати удар за трета последователна победа на Нетс, зголемувајќи ја серијата порази на Рокетс на четири натпревари.
Џонсон беше најдобар играч на Бруклин со 22 поени, а Ник Клакстон и Тосан Евбуомван постигнаа по 14 поени. Расел и Тајрис Мартин натпреварот го завршија со по 10 поени. Турчинот Алперен Сенгун беше веројатно најдобриот играч на Хјустон со 24 поени и 20 скока, додека Дилон Брукс и Рид Шепард постигнаа по 16 поени.
Нетси се со 17-33 на 12-то место во Источната конференција, додека Хјустон падна на третото место во Западната конференција со 32-18.
Возбудлива беше и завршницата на натпреварот во Филаделфија, во кое домашните Сиксерс успеаја да ги совладаат Далас Маверикс со 118:116, а голема заслуга за тоа имаше Џоел Ембиид, кој се врати на теренот по едномесечно отсуство. Ова беше само 14-ти настап за Ембиид сезонава, а во него го оствари првиот „трипл-дабл“ со 29 поени, 11 скока и 10 асистенции. Стрелците на победничката екипа ги предводеше Тајрис Макси со 33 поени, а додаде и 13 асистенции.
Кајри Ирвинг беше најдобар играч на Далас со 34 поени. Новодојдениот центар Ентони Дејвис го пропушти овој натпревар поради повреда на стомакот, но од клупата ги поддржа новите соиграчи, а Макс Кристи, кој исто така беше дел од пакетот играчи во трејдот за Лука Дончиќ, постигна 15 поени во новиот дрес.
Њујорк Никс (34-17) ги победија со 121:115 Торонто Рапторс и се задржаа на третото место на Истокот. Ова беше седма победа за Никс во последните осум настапи, предводени од Џејлен Брунсон со 28 поени и Карл-Ентони Таунс со 27 поени и 20 скока. Репторси ги предводеше Скоти Барнс со 23 поени и пет асистенции.
Чикаго Булс беа домаќини на Мајами Хит и дојдоа до победа од 133:124 во која четворица играчи постигнаа повеќе од 20 поени. Стрелците на Булс ги предводеа Џош Гиди и Матас Бузелис со по 24 поени, Коби Вајт постигна 22, а Ајо Досунму искомбинираше 21 поен и девет асистенции. Најдобри играчи на Мајами беа Тајлер Херо со 23 поени, девет асистенции и осум скока и Бам Адебајо со 23 поени и 8 скока, додека Никола Јовиќ постигна 20 поени.
Во Портланд домашниот Трејл Блејзерс го совлада Индијана Пејсерс со убедливи 112-89. Анферни Симонс постигна 22 поени и уфрли седум асистенции во петтата последователна победа на Портланд, а Џерами Грант постигна 20 поени. Погодоците на Пејсерси, чија серија од четири победи беше прекината, го предводеше Ендрју Нембхард со 17 поени и шест скока, а Паскал Сијакам имаше 16 поени и шест скока.
Слични новости
Лука Дончиќ се појави на клупата во Лејкерси
Словенечкиот кошаркар утрово за прв пат се појави на клупата на Лејкрес до Леброн Џејмс. Претходно Дончиќ рече дека доаѓа во Лејкерс за да ја освои НБА титулата.
Холандскиот фудбалер Тајлер Маласија замина во ПСВ Ајндовен од Манчестер Јунајтед
Досегашниот фудбалер на Манчестер јунајтед Тајлер Маласија до крајот на сезоната ќе игра на позајмица во ПСВ Анјдховен, соопшти холандскиот клуб. На крајот од сезоната ПСВ ќе има право да го откупи договорт на холандскиот фудбалер.
Евролига: Пао го доби дербито со Фенер, Ѕвезда го совлада Асвел, нов пораз на Реал
По некомплетното 25. коло во водство е Олимпијакос (17-7), а потоа следуваат Фенербахче (16-8), Монако (15-9), Париз (14-9), Панатинаикос (15-1).