Фудбалерите на Ливерпул го задржаа стопроцентниот учинок оваа сезона од Лигата на шампионите и по седмото коло во кое на домашен терен го совладаа Лил со 2:1 (1:0).

Салах во 34. минута ги доведе домашните во водство, Давид во 62. минута израмни на 1:1 и тоа кога Лил остана со играч помалку на теренот, но на крајот Ливерпул сепак успеа да победи со среќниот гол на Елиот во 67. минута, чиј шутот се одби од блокот на гостинската одбрана и го измами голманот.

Ливерпул е на врвот во групата со 21 бод, три бода помалку од второпласираната Барселона, која во неверојатен меч во Лисабон ја совлада домашната Бенфика со 5:4 (1:3), иако во два наврати губеше со два разлика.

Натпреварот на стадионот „Луж“ го одбележаа неразбирливите грешки на голманите, во што предничеше гостинскиот Војчех Шчесни, кој на домашниот тим му подари два гола во првото полувреме. Во тие први 45 минути одлично се снајде напаѓачот на Бенфика, Павлидис кои постигна хет-трик во 2., 22. и во 30 минута од пенал, вториот откако Шчесни непотребно го напушти својот шеснаесетник и го остави голот отворен за Павлидис, а третиот од пенал кој го направи полскиот голман. Единствениот гол за гостите во првото полувреме го постигна Левандовски во 13. минута од пенал, кога израмни на 1:1.

Во вториот дел, домашниот голман Трубин со лош дегажман во 64. минут го погоди во глава го погоди Рафиња на повеќе од 20-ина метри од голот од кого топката се одби во домашната мрежа.

Откако Араухо со автоголот во 68. минута ја врати Бенфика на два гола со несмасниот автогол, се чинеше дека грешката на Трубин ќе биде неважна, но по десет минути по пеналот направен врз Ламине Јамал, Левандовски во 78. минута намали на 3:4, а Гарсија во 86. минута со гол со глава израмни за Барса. Шчесни се искупи за грешкит во шестата минута од судиското продолжение кога по противнападот на Бенфика спречи сигурен погодок на Анхел Ди Марија, а по мешаница во гостинскиот шеснаесетник од која Бенфика бараше пенал што не го потврди ВАР-от, во брза контра Рафиња погоди за голем пресврт.

Барселона со оваа победа обезбеди директен пласман во осминафиналето, додека Бенфика остана на 10 бода и е на 18-то место, а под знак прашалник е и нејзиното место во нокаут фазата од натпреварувањето.

Атлетико Мадрид во вториот дел направи пресврт во натпреварот против Баер Леверкузен и победи со 2:1 (0:1). По првите 45 минути Баер водеше со голот на Хинкапи во првата минута од судиското продолжение на првиот дел и имаше играч повеќе, но Алварез во 52. и 90. минута направи пресврт со двата погодока.

Атлетико е трет во поредокот со 15 бодови, додека Баер е шести со 13.

Болоња со 2:1 (0:1) го победи минатогодишниот финалист Борусија Дортмунд, Борусија поведе преку Гуираси во 15. минута од пенал, но Далинга во 71. и Илингуниор во 72. минута направија пресврт за минута ипол.

И покрај оваа победа, Болоња нема да го продолжи натпреварувањето во нокаут-фазата, сега е 27-ма со пет бода, додека Борусија е 12-та со 12 бодови.

Слован Братислава го претрпе седмиот пораз во седумте настапи, губејќи на домашен терен од Штутгарт со 1:3 (0:2). Првите два гола за Штутгарт ги постигна Левелинг во 11.и 36. минута, а откако Мецоко во 85. го врати Слован во игра, Ридер две минути подоцна од контранапад ја потврди победата на Штутгарт.

Со овој резултат, Штутгарт го прескокна Динамо Загреб на табелата, сега 21-ви со 10 бодови, додека Динамо падна на 25-то место или прв „под линијата“ со осум освоени бодови. Сепак, Динамо има и натпревар помалку и ќе има макар теоретска шанса да дојде до нови бодови во среда против Арсенал во Лондон.

Претходно во вторникот, Аталанта на својот стадион во Бергамо го совлада Штурм од Грац со 5:0 (1:0). Во првиот дел Аталанта поведе преку Ретеги во 12. минута, втоиот го постигна Пашалиќ во 58. минута кога од непосредна близина го реализираше центаршутот на Куадрадо, додека конечниот резултат го поставија Де Кетелаере во 63. минута, Лукман во 90. минута и Брешианини во четвртата минута од судиското надополнување.

Со оваа победа Аталанта скокна на четвртото место во поредокот со 14 бодови, додека Штурм е 32. со три бода.

Белградска Црвена ѕвезда и покрај големите очекувања на свој терен беше поразена од ПСВ со 2:3. Првата шанска на мечот ја имаа домашните, но казната стигна веќе во 17. минута кога Лук Де Јонг реализираше со глава. По само шест минути истиот играч исто по изведе корнер ја удвои предноста на ПСВ, а пред самиот крај на првото полувреме Фламинго повторно по изведен корнер ги доведе гостите до големи 3:0. Ѕвезда добро го започна вториот дел, а веќе во 50. минута имаше играч предност откако стрелецот Фалминго доби црвен картон. Таа предност домашните ја искористија во 71. минута кога Шериф намали на 1:3, а само шест минути подоцна токму асистенот Џига со својот погодок предизвика драма на „Маракана“. Но Ѕвезда немаше сили до крајот да направи големо враќање.

Црвена ѕвезда е мометално 31-ва со само 3 бодови и веројатно мечот на 29-ти јануари со Јанг Бојс во Берн ќе биде нејзиниот последен европски настап сезонава. ПСВ Ајндховен сега е 16-ти со 11 бодови.

globe

Слични новости

Австралија Опен: Киз и Швјонтек се соочуваат во полуфиналето

Австралија Опен: Киз и Швјонтек се соочуваат во полуфиналето

Познати се сите полуфиналистки на Австралија опен, Белорусинката Арина Сабаленка, која би можела да стане првата тенисерка со три последователни титули во Мелбурн по Мартина Хингис, и на Шпанката Паула Бадоси во средата им се придружија Американката Медисон Киз и Полјачката Ига Швјонтек

Македонија ја пропушти шансата да се бори за четвртфинале откако изигра нерешено со Австрија 29:29

Македонија ја пропушти шансата да се бори за четвртфинале откако изигра нерешено со Австрија 29:29

Во второто полувреме Македонија повторно го презеде водството, но при нерешен резултат, пред помалку од две минути на крајот, капитенот Кузмановски промаши седмерец, а Австријците реализираа седмерец во следниот напад.