Јапонски производител на виното од ориз ќе се обиде да го произведе првото вселенско саке во светот, и тоа само едно шише, а приходите од продажбата 100 милиони јени (613.000 евра) ќе ги донира на домашните компании за развој на вселенската технологија, објавија јапонските медиуми.
Компанијата „Asahi Shuzo“ во префектурата Јамагучи неодамна соопшти дека планира да ферментира ориз и други суровини што се користат за производство на саке на Меѓународната вселенска станица.

Нивната цел е да ги испратат состојките во орбитата на крајот на 2025 година.
Идејата е да се создаде саке под претпоставка дека ќе има побарувачка за алкохол ако луѓето почнат да живеат на Месечината уште во 2040-те, објаснуваат тие.
Во 2022 година, „Mitsubishi Heavy Industries“ ѝ пристапи на пиварницата, позната по брендот на сакето „Dassai“, за правење саке во вселената. Тие сега работат на правење апаратура за подготвка на пијалакот која ќе ја испратат во Кибо, јапонски експеримент модул создаден специјално за Меѓународната вселенска станица.
Во Кибо ќе се рекеира гравитацијата на површината на Месечината, приближно една шестина од гравитацијата на Земјата, а пиварницата ќе го следи процесот на ферментација од Земјата.
Околу 520 грама нерафинирано саке ферментирано во вселената ќе бидат вратени на Земјата, а потоа рафинирани и истурени во шише од 100 милилитри како „Dassai Moon Uchujozo“, преведено како „… вселенски пијалок“, објави пиварницата чие седиште е во западна Јапонија.
Слични новости
Донатела Версаче веќе не креативен директор на брендот
Донатела Версаче ќе се повлече од функцијата главен креативен директор на брендот Версаче по речиси три децении во оваа улога, објави во четвртокот сопственикот „Capri Holdings“
Пласидо Доминго пристигна во Скопје – од аеродром директно на проба
Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго, кој утре треба да одржи концерт во арената „Борис Трајковски“, вчера пристигна во Скопје. Без ни минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и балет, каде што заедно со оркестарот на НОБ ја одржаа првата проба
Џеф Даниелс се придружи на кастот за третата сезона од серијата „Shrinking“
Серијата „Shrinking“на Ејпл ТВ го ангажира двојниот добитник на наградата Еми Џеф Даниелс во кастот за третата сезона.