Во Македонија за првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром, ретка наследна болест која го оштетува бубрежното ткиво и може да доведе до бубрежна слабост.

По потребните медицински испитувања, мајката била оценета како соодветен жив дарител.

Министерот за здравство Сашо Клековски ја оцени интервенцијата како значаен медицински успех, истакнувајќи ја стручноста и тимската работа на здравствените работници.

Националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, упати благодарност до семејството и медицинскиот тим вклучен во сложената постапка.

 

Слични новости

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ побара итна оставка од Тошковски, наведувајќи дека тој треба да понесе одговорност поради низата скандали. Од партијата бараат да се утврди кој сè е вмешан во случајот и сите одговорни да сносат последици.