Официјалниот портрет на првата дама на САД, Меланија Трамп беше објавен во понеделникот, на кој таа позира потпрена на маса во Белата куќа.

Фотографијата ја направи фотографката Режин Маоз, а беше наведено дека е направена на 21 јануари 2025 година.

 

За оваа прилика таа носи црно сако „Dolce & Gabbana“, чија цена е речиси 3.000 долари.

Портретите на претседателот Доналд Трамп и потпретседателот ЏејДи Венс беа објавени претходно овој месец пред инаугурацијата.

Меланија Трамп присуствуваше на инаугурациските настани, а вниманието особено го привлече со својот моден избор. Најпрво таа на свечената заклетва носеше темносина палто, заедно со шапката на американскиот дизајнер Адам Липс.

За инаугуративните балови на вечерта, носеше црно-бел фустан дизајниран од нејзиниот долгогодишен стилист Ерве Пјер.

Меланија и Доналд минатата седмица ја прославија 20-годишнината од бракот, а тој и честиташе со нивната свадбена фотографија.

globe

Слични новости

Човештвото најблиску до уништувањето

Човештвото најблиску до уништувањето

Часовникот на Судниот ден, кој симболизира колку е блиску човештвото до уништувањето, е поместен за една секунда нанапред до 89 секунди до полноќ, најблиску од кога и да е досега