Партиската чистка на раководството и Извршниот одбор нема да ја зафати и пратеничката група на СДСМ. Филипче нема да бара враќање на пратеничките мандати, затоа што смета дека тие се искусни професионалци кои се добар репрезент на партијата во Собранието. За критиките дека требало и самиот да си поднесе оставка, наместо да бара одговорност од сите останати, вели дека има право на ваква реформа.

 „Јас имам право да го изберам најдобриот тим и имам и политичко, етичко и морално право тој тим да го модифицирам. Добро е што тоа го дискутираме и со членовите на Извршниот и на Централниот одбор“, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.

 

Тој негираше дека членовите на Извршниот одбор од кого синоќа побара оставки, му биле наметнати од екс-претседателот Зоран Заев. Обвини дека тоа е теза на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа обвинување провејува и во реакциите на партиското членство кое е поделено и за синоќешниот потег.

На социјалните мрежи обвинуваат дека неговиот потег уште еднаш покажува дека СДСМ е султан-партија и нема никаква врска со демократија.

Членови на партијата сметаат и дека процесот на консолидација бара избор на искрени и посветени кадри. Се бара и промена на партискиот Статут и сериозна реформа за враќање на демократискиот капацитет, со цел да се спречи продлабочување на кризата што веќе станува егзистенцијална.

 

Слични новости

Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог

Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „многу блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две главни отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови

Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција

Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска