Собранието денеска треба да одлучува за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика за која функција предлог-кандидат е Ацо Ристов на местото на поранешниот Марко Бислимоски.
За неговата кандидатура седум членови гласаа за од комисијата за именувања, а двајца против. Ристов е и поранешен градоначалник на Радовиш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2021 до 2025 година.
Неговата сопруга Данка Ристова е членка на Судскиот совет. Ристов пред кандидатурата ја отстапи неговата компанија за проектирање и изградба на мали хидроцентрали. Кандидатурата на неговиот противкандидат Шамил Реџепи беше отфрлена поради непотполна документација.
Слични новости
Намален бројот на работниците во индустријата
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, се намалил за 3.5 %, објави Државниот завод за статистика.
Состанок ЕУ-Западен Балкан посветен на проблемите на превозниците
Министри од шесте земји од Западниот Балкан и претставници на Европската комисија денеска ќе одржат состанок во онлајн формат посветен на предизвиците со кои се соочуваат превозниците од регионот при патување и престој во Шенген зоната.
ЕК ќе го одложи „ЕЕС“ системот до септември поради ризик од летен хаос
Целосната имплементација на новиот биометриски систем за влез/излез на ЕУ е одложена до септември 2026 година поради можноста од создавање хаос на границите во летниот период.