Филмот „ „Практична магија 2“ на студиото Ворнер Брос се очекува викендов да го зазеде првото место на американскиот Бокс офис по шест недели царување на Спадјдермен.
Филмот почна да се прикажува во 4.000 кина во САД, а вториот дел во кој главните улоги повторно ги толкуваат Сандра Булок и Никол Кидман се сними 28 години по првиот дел.
Режисерка на филмот е данкињата Сузан Биер, а филмот се очекува да заработи околу 35 милиони долари во премиерниот викенд во САД и околу 20 милиони долари надвор од Америка.
Првиот филм ја имаше премиерата на 16 октомври 1998, стана голем хит и во САД заработи 46 милиони долари, така што се очекува секвелот да го надмине оригиналниот филм од 1998.
Слични новости
„Спајдермен: Бренд Њу Деј“ за две недели прикажување заработи 1,67 милијарди долари со што е убедливо најуспешен филм на 2026
Спајдермен со супер ѕвездите Том Холанд и Зендеја надмина заработка од една милијарда долари надвор од САД за помалку од две недели. Досега „Спајдермен: Бренд њу деј“ има заработено 1,67 милијарди долари глобално
Роверот Персевиранс ги соборува рекордите во возење по Марс
Роверот Персевиранс кој има големина на автомобил, слета на Марс во февруари 2021 и наскоро ќе ја надмине границата од поминати 45 километри на површината на Марс. Клучот на овој успех е во напредната технологија на автономно возење, објасни НАСА.
„Спајдермен: Бренд њу деј“ ги урна сите рекорди и стана најуспешен филм во првата недела од прикажувањето во историјата на Бокс офисот
Филмот има огромна гледаност и на пазарите надвор од САД каде што заработи 706 милиони долари и веќе ја надмина заработката од 1,2 милијарди долари, со што за само седум дена стана најуспешен филм на Бокс офисот во 2026.


