Раперот Тори Ланез поднесе сојузна тужба против затворскиот систем во Калифорнија, барајќи отштета од 100 милиони долари, откако во затворот во Техачапи друг затвореник го нападна со нож и му нанесе 16 убоди.

Раперот Ланез, чие вистинско име е Дејстар Питерсон, го тужи системот и вработенирте во затворот, тврдејќи дека никогаш не требал да биде сместен со опасниот затвореник кој го нападнал.

Според тужбата, раперот бил нападнат од Сантино Касио кој му нанаел повеќе убодни рани во пределот на лицето, телото и главата. По нападот, Ланез беше итно префрлен во болница со хеликоптер.

Слични новости

Документарецот Меланија се прикажува и во „сините градови“ каде што има солидна гледаност

Документарецот „Меланија“ на режисерот Брет Ратнер, за кој студиото Амазон МГМ плати 75 милиони долари, неделава почна да се прикажува во 2.000 кино сали ширум Америка, вклучувајќи ги и „сините“ градови, како Њујорк, Лос Анџелес, Бостон, Чикаго, па дури и во Минеаполис.