По одредената дијагноза рак на белите дробови, Папата Лео XIV е успешно опериран на десното белодробно крило, соопшти Ватикан. Операцијата траела 90 минути и била извршена во болницата Џемели во Рим.

При зафатот отстранет е целиот долен лобус на десното белодробно крило со цел постапката да биде целосно успешна.

Се очекува папата да остане во болница околу една недела пред да се врати на секојдневните активности. Верниците низ целиот свет се загрижени за неговата состојба.

Извор од Ватикан брифираат дека се вршат дополнителни испитувања за да се утврди дали има некакви знаци оти ракот се проширил.

Слични новости

Три години војна во Газа

Три години војна во Газа

Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.