Билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија не се поместуваат и покрај средбата на министрите за надворешни работи на двете земји во Софија на иницијатива на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Позициите на Македонија и Бугарија во однос на прашањата поврзани со европската интеграција сè уште се многу далечни, но денешната средба со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова беше конструктивна и одржана во позитивен дух, при што е договорено дијалогот меѓу двете држави да продолжи по сите прашања од заеднички интерес – изјави Муцунски во Софија.

Тој оцени дека меѓу двете страни постои висок степен на недоверба во однос на процесот на европската интеграција на Македонија, пред сè, во поглед на неговата предвидливост.

Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова му порачала на Муцунски дека Македонија треба да го мени уставот и да ги исполни обврските од францускиот предлог од 2022-ра година за да отпочне евроинтеграцискиот процес на Македонија.

Бугарските медиуми пишуваат дека е „неразбирливо што Муцубски потенцирал дека Македонија бара доверба и гаранции во интеграцискиот процес, а самата не ги исполнува условите од она што е договорено.

Слични новости

Пад на прометот на македонската берза

Пад на прометот на македонската берза

Прометот на македонската берза во септември изнесувал 402,3 милиони денари и бележи пад од 9,76 насто. Пазарната капитализација , пак, забележала пад од 2,35 насто.

Денеска средба Муцунски-Петрова во Софија

Денеска средба Муцунски-Петрова во Софија

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцински и неговата бугарска колешка Велислава Петрова-Чамова се очекува денеска да одржат средба во Софија

Ново рочиште за „Државна лотарија“

Ново рочиште за „Државна лотарија“

Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, во кој обвинети се поранешниот вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор Перпарим Бајрами и уште шест лица.